Македонската економија бележи континуиран раст, а резултатите се особено значајни ако се споредат со растот во Европската унија и еврозоната, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Тој посочи дека 2024 година била завршена со раст на БДП од 3 проценти, во 2025 година растот изнесувал 3,5 проценти, додека во првото полугодие од годинава достигнал 3,7 проценти.

Според Мицкоски, овие резултати се постигнати во услови кога Европската унија, која е најголем трговски партнер на Македонија, бележи раст од 1,2 проценти, а еврозоната од околу 1 процент.

Премиерот направи споредба и со периодот од 2006 до 2008 година, кога домашната економија растела меѓу 5 и 6 проценти, но, како што рече, тогаш со слични или повисоки стапки растеле и економиите на ЕУ и еврозоната.

„Тоа само по себе говори за политиките на оваа Влада и претставува уште една лоша вест за опозицијата во Македонија“, рече Мицкоски.

Exit mobile version