Измерени -6 степени, еве каде утрово беше најстудено


Најстудено утрово е во Берово – 6 степени, -3 степени се измерени на Попова Шапка, Маврови Анови, Крива Паланка, Претор, Битола, -2 во Скопје-Петровец, Тетово, Демир Капија, Струмица, -1 во Охрид, Крушево, Прилеп, Штип, Велес, Куманово, 0 во Кавадарци, 1 во Скопје-Зајчев Рид, Виница, 2 во Гевгелија и 5 степени во Дојран.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во текот на ноќта времето беше ведро. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Изутринава е сончево со мала локална облачност.

Наместа дува слаб ветер од северен правец. Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени. Во Скопје претежно сончево со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 19 степени.

21.03.2024 - 09:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега