Close Menu
Press24
    Најново

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01

    По 25 години – нов етички кодекс за новинарите

    07.07.2026 во 22:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Нова дигитална алатка: „Where Are You“ пристигнува за граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Измените на Изборниот законик влегуваат во завршна фаза

    Измените на Изборниот законик влегуваат во завршна фаза

    22.06.2026 во 17:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денеска се одржа десеттата седница на Работната група за реформи во изборното законодавство, на која продолжи разгледувањето на предлозите за измени и дополнувања на Изборниот законик во согласност со обврските од Реформската агенда.

    Членовите на Работната група ги разгледаа препораките на ОБСЕ/ОДИХР кои произлегуваат од претходните изборни циклуси, при што најголемиот дел од препораките за кои беше постигнат консензус се прифатени и соодветно вградени во предложените решенија. Воедно беа разгледани и предлозите доставени од политичките партии и надлежните државни институции.

    Целта на предложените измени е понатамошно усогласување на изборното законодавство со меѓународните стандарди, јакнење на правната сигурност, унапредување на транспарентноста на изборниот процес и имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Со тоа се создаваат услови за дополнително зацврстување на демократските процеси и јакнење на довербата на граѓаните во изборниот систем.

    Работната група констатираше дека е постигнат значителен напредок во подготовката на измените и дополнувањата на Изборниот законик. Најголемиот дел од клучните прашања се веќе разгледани, а во наредниот период ќе продолжи усогласувањето на преостанатите предлози со цел подготовка на конечниот текст.

    Следната седница на Работната група е закажана за четврток, на која ќе бидат разгледани  останатите отворени прашања и ќе се финализираат предложените решенија. Се очекува во краток рок да биде подготвен сеопфатен предлог-текст на измените и дополнувањата на Изборниот законик, кој ќе ги одразува постигнатите усогласувања и прифатените препораки.

    Прочитај повеќе

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.