Измамен 90-годишник од Кочани, дал пари за дрва, но не ги добил


Вчера во 13.13 во СВР Штип, 90-годишник од Кочани пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 14.000 денари, извести МВР.

„Според пријавеното, околу 12.40 часот во неговиот двор влегло машко лице и му понудило огревно дрво по цена од 4.000 денари за метар кубен. Како што е пријавено, откако се договориле, тој му ги дал парите, по што лицето заминало и не се вратило со дрвата, по што сфатил дека е измамен“, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

21.03.2024 - 16:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега