Измама тешка 23 000 евра: Тетовчанец склучил договор за купопродажба на имот со сограѓанин, но имотот бил на други лица

Вчера во 16.00 часот во СВР Тетово, 50-годишен маж од тетовско село пријавил дека бил измамен од Х.И.(32) од тетовско за сума од 23.000 евра.

Според пријавеното, во текот на февруари Х.И. го довел во заблуда и со него склучил договор за купопродажба на недвижен имот во тетовско со вкупна површина од околу 11.000 квадратни метри, а кој бил сопственост на други лица.

Се преземат мерки за расчистување на случајот.

31.07.2024 - 16:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега