Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, 64-годишен маж пријави дека е измамен за сума од 1300 евра од Ф.А. од Скопје. Според пријавеното, во февруари 2022 година Ф.А. му ветил дека ќе му помогне да земе социјална помош, но дека за тоа ќе треба да му даде одреден паричен надомест, на што се согласил и му дал 300 евра.
По неколку месеци му пристигнало решение дека барањето му е одбиено. По една година, Ф.А. повторно му побарал пари на пријавителот за да му помогне да земе социјална помош овој пат за неговата сопруга, но за тоа ќе треба да му плати уште 1000 евра, по што парите ги дал на женско лице.
Како што е пријавено, оттогаш не можел да стапи во контакт со Ф.А., по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Актуелно
- Откриени нови информации за сурогат мајката која го роди синот на Марија Шерифовиќ: „Таа е образована, мажена и има дете“
- Газдата на Пулс се расплаче пред Судот – не можам да поверувам што се случи и моите деца беа таму
- Измама тешка 1.300 евра: Скопјанец дал пари да земе социјална помош, наместо помош добил одбивање
- Фондацијата „Трајче Мукаетов“ додели 40 нови стипендии за учебната 2025/2026
- Кривична за охриѓанец – внукот со импровизиран „воз“ вршел јавен превоз
- Уапсена Федерика Могерини
- Анализираме за 10% толеранција на максималната брзина што ќе ја фаќаат камерите
- Николоски: Вложуваме во модерни автопати

