Вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, 64-годишен маж пријави дека е измамен за сума од 1300 евра од Ф.А. од Скопје. Според пријавеното, во февруари 2022 година Ф.А. му ветил дека ќе му помогне да земе социјална помош, но дека за тоа ќе треба да му даде одреден паричен надомест, на што се согласил и му дал 300 евра.
По неколку месеци му пристигнало решение дека барањето му е одбиено. По една година, Ф.А. повторно му побарал пари на пријавителот за да му помогне да земе социјална помош овој пат за неговата сопруга, но за тоа ќе треба да му плати уште 1000 евра, по што парите ги дал на женско лице.
Како што е пријавено, оттогаш не можел да стапи во контакт со Ф.А., по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Актуелно
- Тошковски: Успешен старт на „Безбеден град“, мал број на прекршоци, честитки до граѓаните за почитувањето на сообраќајните правила
- Манасиевски: Трендафилов призна дека СДС и Левица стојат позади протестите на ССМ
- Повредено 10-годишно девојче од заталкан куршум
- Љутков за статусот на Охрид: Извештајот е испратен до УНЕСКО, но треба да очекуваме сè
- Црн викенд на патиштата: Тројца тешко повредени во несреќи во Битола, Прилеп и Радовиш
- Мицкоски за „Сејф сити“: Имаме толеранција од 15% за да се навикнат граѓаните
- Почна изградбата на булеварот „Македонија“: Првата фаза готова за 90 дена, Ѓорѓиевски најавува брзо темпо
- Пет тони марихуана од Македонија во Србија: Уапсен и газда на фирма од Скопје за медицински канабис

