Излезноста во општините Дебар и Центар Жупа 4,47 отсто

 

Изборниот ден од првиот круг на претседателските избори во Дебар и Центар Жупа се одвива тековно, со зголемена излезност на граѓаните, кои го остваруваат нивното граѓанско право, потврдуваат од општинските изборни комисии.

Во општина Дебар, до 11 часот гласале 980 или 5 отсто од вкупно запишаните 19.334 лица.

Зголемена излезност е забележана и во општина Центар Жупа, каде до 11 часот од вкупно запишаните 7.383 лица  гласале  329 или 4,47  отсто.

И во двете општини, избирачките места се посетени од  претставници на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДХИР. 

Во близина избирачките места, 27 во општина Дебар и 16 во соседната, Центар Жупа, во согласност со законот, има присуство на полициски службеници.

24.04.2024 - 12:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега