„Излези момче“ ечи во Порто: Македонските навивачи возбудени пред историскиот натпревар

 

Голем број македонски навивачи се собрани пред стадионот „Драгао“ каде македонската фудбалска репрезентација денеска против селекцијата на Португалија со почеток во 20:45 часот ќе го одигра одлучувачкиот натпревар за пласман на Светско првенство.

Стадионот во Порто ќе биде исполнет до последното столче, а поддршка нашите репрезентативци ќе имаат од околу 1.500 навивачи на трибините, кои се веќе пристигнати во португалскиот град.

Таму веќе владее вистинска навивачка еуфорија.

Се веат македонски знамиња, се пеат македонски песни. Попладнево ечеше македонската химна, а сега најгласно се пее „Излези момче“.

29.03.2022 - 19:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега