Ивановска: Сестрата на Катица Јанева доставила документи после 7 дена, инаку е предложена од Владата

Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска во гостувањето во „Топ тема“ рече дека не добиле никаков документ од Владата за работата на Комисијата за именување која има надлежност да го разгледа прашањето сестрата на екс-специјалната обвинителка Катица Јанева, Лиле Делиаџакова, која сега е вработена во Комисијата за хартии од вредност.

-Го разгледавме целиот избор на членовите на Комисијата. Не добивме записник или акт за работата на оваа комисија. Утврдивме дека не е направена административна контрола на документацијата затоа што владата донела одлука да го предложи лицето како членови во Комисијата за хартии од вредност, а после 7 дена таа ги доставила другите документи кои што недостигале во сетот. Како соопштение, стоело дека апликациите со нецелосни документи нема да бидат воопшто разгледани,рече Ивановска.

Тие побарале од Државниот управен испекторат да изрши увид и во записникот стои дека сè е уредно напишано, освен во колоната прилог, каде што не пишува колку документи се поднесени, за да може да се дополнува, тука е целиот застој.

-Нејзиното претходно работно искуство било дека е работник во Царина за издавање на фактури, во трговска фирма, а се бараше економски експерет- вели Ивановска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.07.2020 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега