Дождот не престана, а најавени се обилни врнежи низ цела Македонија и за денеска. Најмногу дожд изминатото деноноќие, до седум утрово, наврнал во Пожаране, 23 литри на квадратен метар, соопштија од УХМР.
22 – Mаврови Анови, 14 – Тетово, 12 – Охрид, 8 – Попова Шапка, 6 – Претор, Лазарополе, 5 – Крушево, 4 – Гевгелија, 2 – Берово, Битола, 1 – Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Струмица, Тополчани.
Најстудено утрово било на Попова Шапка со -3 Целзиусови степени, а најтопло во Гевгелија, 6 степени.


