Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтини но од утре не чека значително поскап дизел

    20.09.2026 во 12:50

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    СДСМ: Земјоделецот плаќа повеќе а не добива ништо – Мицкоски гледа за дата центри и антимон

    20.09.2026 во 12:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Минималната плата мора да се зголеми на 600 евра – луѓето не можат да врзат крај со крај
    • Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар
    • Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес
    • Мисајловски во посета на Словенија: Средба со дијаспората пред состаноците на министрите за одбрана
    • Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
    • Камен пијан Мексиканец се степал со полицаец во Ѓорче Петров
    • Загина 17 годишна девојка: 7 годишно дете и тројца возрасни повредени во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
    • Утре локални врнежи и услови за невреме
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Истрага во МВР: Штампале возачки дозволи за камион и автобус на луѓе кои никогаш не полагале

    Истрага во МВР: Штампале возачки дозволи за камион и автобус на луѓе кои никогаш не полагале

    27.08.2026 во 17:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Внатрешната контрола на Министерството за внатрешни работи истражува сомнежи дека вработени во управните служби незаконски додавале повисоки категории во возачки дозволи, со што на лица кои никогаш не полагале за камион или автобус им овозможувале да добијат Ц или Д категорија.

    Според информации објавени во дел од медиумите, за ваква услуга наводно се плаќале околу 1.400 евра. Од МВР потврдуваат дека случајот е предмет на постапување.

    „Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, известено е надлежното Основно јавно обвинителство и во координација со обвинителството се преземаат соодветни активности за расчистување на случајот“, велат од Министерството.

    Со случајот е запознаен и обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, но постапката засега се води во рамки на МВР. Истрагата треба да утврди колку вработени биле вклучени во шемата и колку лажни возачки дозволи биле издадени.

    Според досегашните информации, дел од осомничените биле затекнати во момент кога во системот додавале категории кои возачот реално не ги поседувал.

    Шемата, според сознанијата, функционирала така што возачот најпрво пријавувал дека ја изгубил дозволата и поднесувал барање за нова. При постапката за фотографирање и изработка на новиот документ, во дозволата дополнително се внесувала повисока категорија за камион или автобус, иако лицето претходно не полагало за неа.

    Меѓу лицата кои сега се предмет на истрагата има и вработени кои претходно биле поврзувани со аферата со лажни пасоши, откриена пред пет години.

    Во тој случај, десетмина вработени во МВР беа осудени на затворски и условни казни за издавање лажни патни исправи. Според пресудата, за секој издаден пасош се наплаќале по неколку илјади евра, а биле користени податоци од македонски државјани кои никогаш немале извадено пасош, во комбинација со фотографии и лични податоци на странски државјани.

    На тој начин биле издадени повеќе од 200 лажни пасоши, а дел од нив завршиле кај лица поврзани со организиран криминал и трговија со дрога, вклучително и кај лица барани со меѓународни потерници.

    Прочитај повеќе

    Повредена жена, ја удрил автомобил на тротоар

    20.09.2026 во 15:42

    Тројца млади повредени во сообраќајка во Велес

    20.09.2026 во 14:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.