Close Menu
Press24
    Најново

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47

    Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта

    28.10.2026 во 22:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
    • Мицкоски: Во регионот сме држава со највисока стапка на раст на БДП и со најниска стапка на инфлација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Историска трансплантација во Македонија: Мајка му подари нова шанса за живот на своето дете

    Историска трансплантација во Македонија: Мајка му подари нова шанса за живот на своето дете

    27.10.2026 во 09:56Updated:27.10.2026 во 11:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Историски медицински зафат е направен во Македонија, каде за првпат е трансплантиран бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром – ретко наследно заболување кое ги оштетува бубрезите и може да предизвика нивна целосна слабост.

    Од Министерството за здравство информираат дека по деталните медицински анализи била потврдена компатибилноста меѓу мајката и детето, по што таа била одобрена како жив дарител. Со нејзината одлука, на детето му е овозможена нова можност за лекување.

    Министерот за здравство Сашо Клековски го оцени зафатот како резултат на стручноста и координацијата на медицинските тимови, нагласувајќи дека трансплантацијата може значително да го промени животот на пациентите.

    Покрај овој случај, на Универзитетската клиника за урологија неодамна биле извршени уште две трансплантации со бубрези од починат дарител, како и една од жив дарител.

    Со последните три зафати, бројот на трансплантации на бубрег во земјава годинава се искачил на 15. За споредба, во текот на целата 2025 година биле направени 11 вакви трансплантации, соопштува Министерството за здравство.

    Алпортовиот синдром е наследна генетска болест која постепено го оштетува бубрежното ткиво, а кај потешките форми може да доведе до откажување на бубрезите и потреба од дијализа. Од Министерството посочуваат дека случајот ја покажува важноста на прецизната дијагностика и деталната процена при подготовка на трансплантации кај пациенти со ретки заболувања.

    Националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска, упати благодарност до семејството за довербата и согласноста случајот да биде споделен со јавноста, како и до медицинскиот персонал вклучен во сложената процедура.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.