Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, и понатаму се наоѓа во сериозна здравствена состојба на Клиниката за пулмологија во Белград. Како што пренесуваат српските медиуми, тој е поврзан на механичка вентилација поради тешка билатерална пневмонија.

Лекарите посочуваат дека клиничката слика е дополнително отежната поради неговите претходни хронични заболувања, меѓу кои дијабетес и срцеви проблеми.

„Мерките за интензивна нега продолжуваат. Засега е стабилен, мирно ја помина ноќта“, изјави д-р Спасоје Попевиќ, помошник-директор на Клиниката, нагласувајќи дека борбата за неговиот живот продолжува.

Дачиќ беше итно хоспитализиран во средата, а вчера во болницата го посети и претседателот Александар Вучиќ. Нови информации за состојбата на министерот се најавени за денеска во 17 часот.

Exit mobile version