Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, во рамките на Конференцијата на претседатели на парламенти во Будимпешта, оствари средба со претседателот на Сенатот на Чешката Република, Милош Вистричил. Двајцата соговорници ја потврдија заложбата за унапредување на односите меѓу земјите од Вишеградската група и Западен Балкан.
Милошоски изрази благодарност за континуираната поддршка што Чешка ѝ ја дава на Македонија на патот кон европските интеграции.
„Заедничка констатација е дека унапредувањето на соработката меѓу земјите од Вишеградската група со државите од Западниот Балкан е взаемно корисен процес за искористување на стопанските потенцијали, како и за подобро усогласување на ставовите во однос на глобалните предизвици за Европа“, истакна Милошоски по средбата.
На средбата се разговараше и за билатералните односи, како и за актуелните состојби во регионот.


