Исмет Гури ѝ се предаде на полицијата - поранешниот заменик директор на УЈП веќе е во затвор

 

Поранешниот заменик директор на УЈП, Исмет Гури за кого беше распишана меѓународна потерница денеска сам се пријавил во полиција и веќе е спроведен во затвор.

Гури беше во куќен притвор поради примање на редовна терапија за здравствените проблеми кои ги имал, но во почетокот на годинава избега, по што беше распишана меѓународна потерница по него. 

Тој лани беше уапсен заедно со 15 лица меѓу кои и бизнисмени и инспектори од Управата за јавни приходи, под сомневање за злосторничко здружување, даночна измама, перење пари и кражба на 840 илјади евра од дирекцијата каде што работел.Гури избега од куќниот притвор откако обвинителството по жалба побарало куќниот притвор да му се преиначи во ефективен притвор во Шутка.

Против Исмет Гури, заедно со Ејуп Алими, се водеше и случајот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал во Чаир за време на локалните избори 2013 годината, во кој судот по повтореното судење минатата година им изрече неправосилни затворски казни од по три години и шест месеци.

29.08.2024 - 18:57
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа