За време на претстојниот викенд се очекува суво и стабилно време, соопштуваат синоптичарите. Единствена појава која ќе ја наруши идилата е утринската магла во одредени котлини.
Сепак, стабилното време нема да трае долго. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавуваат промена на временската состојба со почеток од понеделник.
Кон крајот на денот во понеделник повторно се очекуваат врнежи од дожд. Тие најпрво ќе ги зафатат западните делови од земјава.
Во вторник и среда, врнежите ќе се прошират на територијата на целата држава. УХМР предупредува дека наместа врнежите ќе бидат пообилни.

