Денес времето ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер, главно од северен правец. Минималната температура ќе се движи од -3 до 5 степени, а максималната ќе достигне меѓу 13 и 19 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе има променлива облачност со сончеви периоди, проследена со слаб до умерен ветер од север. Минималната температура ќе се спушти до 3 степени, додека максималната ќе достигне до 19 степени.
Според најавите од УХМР, утре времето ќе биде стабилно, суво и потопло, со умерен до засилен, а на места и повремено силен ветер од јужен правец. Во вечерните часови се очекува влијание од циклонска активност, што ќе донесе нестабилно и постудено време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се прогнозираат за петок, кога ќе има услови и за ретки грмежи. Со навлегување на постуден воздух, на планините и на повисоките места дождот ќе преминува во снег.

