Дел од корисниците во Центар и Шуто Оризари денеска во одредени периоди ќе останат без електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија АД.
Од 8:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Хусеин Бајрам“ во општина Центар.
Од 10:00 до 12:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Бутелски Венец“ во општина Шуто Оризари.

