Иран го обвини Израел дека се обидува да предизвика поширока војна на Блискиот Исток

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан го обвини Израел дека се обидува да предизвика поширока војна на Блискиот Исток.

Пезешкијан им рече на група претставници на медиумите собрани на Генералното собрание на ОН во Њујорк дека Израел „поставува замки“ за да го вовлече Иран во поширок конфликт.

Израел изведе серија воздушни напади врз Либан денеска, велејќи дека цели на магацини со оружје што му припаѓаат на Хезболах, милитантната група поддржана од Иран. Во нападите загинаа над 270 лица.

23.09.2024 - 19:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега