Close Menu
Press24
    Најново

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:42

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Иран е подготвен да ја отвори Ормуската Теснина под еден услов

    Иран е подготвен да ја отвори Ормуската Теснина под еден услов

    27.04.2026 во 16:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Иран е подготвен да ја отвори Ормуската Теснина доколку САД ја прекинат блокадата на иранските пристаништа и војната против Исламската Република, соопштија регионални претставници. Техеран истовремено предлага прашањата околу неговата нуклеарна програма да бидат предмет на дискусија во подоцнежна фаза од преговорите.

    Понудата пристигнува во време на зголемени тензии по почетокот на израелско-американската воена операција на 28 февруари. Како што пренесува „Аксиос“, иницијативата е пренесена до Вашингтон преку Пакистан, откако иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ја посети Русија, клучниот сојузник на Техеран.

    Иако американскиот претседател Доналд Трамп претходно потврди дека Иран испратил „многу подобра“ понуда, официјален Вашингтон останува скептичен кон прифаќањето на овие услови. Трамп нагласи дека еден од основните услови на САД останува дециден: Иран „да нема нуклеарно оружје“.

    Конфликтот околу Ормуската Теснина, низ која во мирно време транзитира една петтина од светските залихи на нафта и природен гас, директно влијае на глобалните пазари. Блокадата на иранските пристаништа го лиши Техеран од нафтени приходи, но создаде и сериозен проблем со складирањето на нафтата поради прекин на производството.

    Ситуацијата предизвика значителен притисок врз администрацијата на Трамп, поради наглиот пораст на цените на енергенсите во пресрет на ноемвриските среднорочни избори во САД. Истовремено, блокадата ги стави во незавидна положба американските сојузници во Персискиот Залив, кои целосно зависат од овој стратешки премин за извоз на своите енергетски ресурси.

    Прочитај повеќе

    Фредериксен: Гренланд не е на продажба

    07.07.2026 во 22:30

    Трагедија во Солун: 23-годишна девојка од Македонија пронајдена мртва во стан

    07.07.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.