Close Menu
Press24
    Најново

    Инвестициски бум во Долнени: Се реконструира речното корито во Дереште, четири села конечно добиваат чиста вода

    03.04.2026 во 15:02

    Почна аплицирањето за ваучери за инвертер клими – годинава процесот е целосно електронски, проверете дали ги исполнувате условите

    03.04.2026 во 14:24

    Ужас во Скопје: Татко со месеци физички ги малтретирал децата додека биле кај него на видување

    03.04.2026 во 14:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Инвестициски бум во Долнени: Се реконструира речното корито во Дереште, четири села конечно добиваат чиста вода
    • Почна аплицирањето за ваучери за инвертер клими – годинава процесот е целосно електронски, проверете дали ги исполнувате условите
    • Ужас во Скопје: Татко со месеци физички ги малтретирал децата додека биле кај него на видување
    • Ужас во скопско: Ја заклучил сопругата со четирите деца во тоалет, ја претепал, па ја избркал од дома
    • Хорор во пробиштипско: Татко во својот дом го нашол синот со прострелна рана
    • „Водата е живот“: Битолските основци и ЈКП „Водовод“ со силна порака за заштита на ресурсите
    • Љутков од Лешок: Во јуни завршува обновата на стариот конак
    • Мицкоски: Образованието не е трошок, туку најсилна инвестиција во иднината на државата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Инвестициски бум во Долнени: Се реконструира речното корито во Дереште, четири села конечно добиваат чиста вода

    Инвестициски бум во Долнени: Се реконструира речното корито во Дереште, четири села конечно добиваат чиста вода

    03.04.2026 во 15:022 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа, заедно со заменик министерката за транспорт и врски Калтрина Зеколи – Шаќири, денеска оствари работна посета на општина Долнени каде изврши увид во тековните проекти за подобрување на комуналната инфраструктура и заштита на животната средина.

    При посетата беше истакнато дека во тек е реконструкција и регулација на речното корито во Дереште, инвестиција вредна 11,8 милиони денари обезбедена преку „Унгарскиот кредит“, од кои Министерството директно учествува со речиси 5,8 милиони денари.  Овој проект е од клучно значење за заштита на локалното население, со што се потврдува заложбата за рамномерен регионален развој и поддршка на помалите општини кои во минатото биле занемарени.

    Паралелно, во општината се одвива и изградбата на доводниот цевковод од регионалниот систем „Студенчица” кон повеќе населени места – Црнилиште, Слепче, Браилово и Десово конечно ќе добијат сигурно и квалитетно снабдување со чиста вода.

    Во рамки на посетата, посебен акцент беше ставен на управувањето со отпад. Веќе се испорачани 2.000 канти и 50 контејнери, а до октомври 2026 година следи доставата на специјализирани возила. Ова е еден од првите чекори кон создавање современ и одржлив систем, бидејќи општина Долнени е вклучена во регионалниот центар за управување со отпад во Новаци – еден од трите вакви центри кои се воспоставуваат во земјата.

    Министерот Хоџа потенцираше дека продолжува соработката со меѓународни партнери, меѓу кои и Европската инвестициска банка, со цел да се обезбедат долгорочни решенија во управувањето со водите и справувањето со климатските предизвици.

    „Продолжуваме да работиме со засилено темпо и инвестираме таму каде што е најпотребно-зашто само така е можен зелениот пресврт кој го посакуваме”, изјави министерот Хоџа.  

    Популарно

    Инвестициски бум во Долнени: Се реконструира речното корито во Дереште, четири села конечно добиваат чиста вода

    03.04.2026 во 15:02

    Почна аплицирањето за ваучери за инвертер клими – годинава процесот е целосно електронски, проверете дали ги исполнувате условите

    03.04.2026 во 14:24

    Ужас во Скопје: Татко со месеци физички ги малтретирал децата додека биле кај него на видување

    03.04.2026 во 14:15

    Ужас во скопско: Ја заклучил сопругата со четирите деца во тоалет, ја претепал, па ја избркал од дома

    03.04.2026 во 13:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.