Германскиот канцелар Фридрих Мерц и украинскиот претседател Володимир Зеленски остварија телефонски разговор посветен на мировните напори за завршување на војната во Украина.

Како што пренесува ДПА, двајцата лидери разговарале за најновите случувања и ги координирале следните чекори, соопшти кабинетот на Зеленски. Украинскиот претседател ја изразил својата „благодарност што Украина секогаш може да смета на водството и поддршката на Германија“.

Во разговорот биле разгледани и резултатите од последниот состанок на „Коалицијата на подготвените“, група држави кои активно ја поддржуваат Украина и денеска одржуваат нова рунда преговори.

Берлин го потврди телефонскиот разговор, кој се одржа во услови на интензивни дипломатски активности околу мировниот предлог од 28 точки на американскиот претседател Доналд Трамп. Планот, претставен минатата недела од Вашингтон, првично делуваше дека ги вклучува повеќето од условите на Кремљ за прекин на војната, но во меѓувреме е предмет на ревидирање од страна на европските и украинските дипломати.

Рускиот претседател Владимир Путин ја нарече оригиналната верзија на документот „основа за конечно мировно решение“, противејќи се на дополнителни уступки во корист на Киев, потсетува ДПА.

Во меѓувреме, висок украински функционер денеска изјави дека Вашингтон и Киев постигнале договор за најважните точки од американскиот мировен предлог. Според медиумските извештаи, американска делегација во Абу Даби истовремено водела разговори и со руски претставници

Exit mobile version