Министерството за транспорт и врски и ЖРСМ Транспорт без став додека трае постапката, се очекува реакција од компанијата ЦИОС Загреб

Надлежните институции засега се воздржани од коментар во врска со случајот за долгот на ЖРСМ Транспорт АД Скопје кон Хрватски железници Карго, чија судска постапка е во тек пред Граѓанскиот суд во Скопје.

Од Министерството за транспорт и врски и од Македонски железници – Транспорт АД потврдуваат дека најмалку до одржувањето на главното рочиште, закажано за крајот на октомври, нема да даваат јавни ставови за предметот, бидејќи случајот е пред суд и секој коментар може да влијае на процесот.

„Додека постапката е активна, институциите нема да даваат изјави“ вели за Пресс24 извор близок до институциите.

Се очекува став и од компанијата „ЦИОС Загреб“, која е формален доверител на долгот и која со години се обидува да постигне договор со македонската страна.

Потсетување на случајот: две децении тишина што ја чини државата 25 милиони евра

Иако долгот на ЖРСМ Транспорт АД кон Хрватски железници Карго е повеќепати признат, државата речиси дваесет години не презема конкретни мерки за негово решавање, а каматата годишно расте за околу два милиони евра.

Од првичната главница од нешто помалку од четири милиони евра, долгот денес изнесува околу 25 милиони евра, што претставува резултат на долгогодишна институционална неактивност и изостанок на спогодбено решение.

Во Планот на поделба на Македонски железници, усвоен со Одлука на Владата од 8 мај 2007 година, е прецизно наведено дека обврските кон странски железници од периодот 1991–1996 година ѝ припаднале на ЖРСМ Транспорт АД. Во истиот документ се потврдува дека долгот кон Хрватски железници

Exit mobile version