Министерот за здравство наложи инспекциски надзор на државната клиника за гинекологија за починато бебе кој треба да утврди дали имало лекарска грешка.

Реакцијата доаѓа по објавата на Слободен печат во која според документите кои ги добиле внатре во болницата, самата началничка на одделот за интензивна нега, ја пријавила педијатарката од одделот, дека „нејзиното несоодветно лекување предизвикало компликации од кои умрело бебето“.

Од клиниката уверуваат дека се преземени сите мерки и постапки за објективна истрага и најавуваат мерки доколку се утрдат пропусти. Скопското обвинителствцо оформи предмет.

Exit mobile version