СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А. (43) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот, во периодот од 2020 до 2024 година, откако бил поставен како вршител на должност директор, а потоа и именуван за директор на ЈЗУ – Здравствен дом Куманово, склучувал договори на дело и вработувал лица во установата без претходно да обезбеди:
одобрение од Министерството за здравство, и
согласност од Министерството за финансии за обезбедени финансиски средства.
Со тоа тој постапил спротивно на одредбите од Законот за работни односи и Законот за трансформација во редовен работен однос.
Во наведениот период ангажирал 68 лица по договор на дело, на кои незаконски им исплатил плати во вкупен износ од 21.744.788 денари (околу 353.573 евра), на штета на буџетот на Здравствен дом Куманово.


