Нови дојави за поставени експлозивни направи денеска предизвикаа вознемиреност во неколку училишта во Скопје и Тетово. Полициските екипи веднаш излегоа на терен и ги евакуираа објектите за да се извршат потребните антитерористички проверки.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека по извршените контроли е утврдено дека се работи за лажни дојави и дека нема опасност за учениците и вработените.

„Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, информираат од МВР.

Exit mobile version