ОВР Македонски Брод поднесе кривична пријава против правно лице со седиште во с.Ижиште и Б.Б.(44) од Македонски Брод, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.
Пријавените, како концесионери на Шумско- стопанска единица „Стрмол-Латово-Коњарник“, врз основа на договор за сеча и дотур и склучени анекси на договорот, требало да извршат сеча со дотур на 1500 кубни метри огревно дрво и 300 кубни метри техничко дрво.
Освен тоа, противправно се исечени и однесени 291,19 кубни метри без приложени приемници за сеча и дотур, со што е остварена противправна имотна корист во висина од 653.228 денари по редовен ценовник или 2.037.700 денари по оштетовен ценовник.
Актуелно
- Јаневска од УКИМ: Не се укинува вонредното студирање, дезинформациите штетат на државата
- Закажана нова рунда преговори за мир во Украина: Познати се деталите и главните барања
- Минчев на средба со амбасадорот Рокас: Департизирана и ефикасна администрација е наш врвен приоритет
- Цеца нема да присуствува на годишнината од смртта на Саша Поповиќ – позната причината
- Пет хороскопски знаци кои никогаш не велат „не“
- УХМР со најнова прогноза: Еве какво време не очекува до крајот на неделата
- Загрижен татко од Скопје се јавил во полиција: Мојот син е нападнат од група малолетници
- Приведен камионџија на Деве Баир: Приложил фалсификувани документи


