Инфошќип: Оставка ќе поднесе и Артан Груби
И вицепремиерот Артан Груби ќе си поднесе оставка од функцијата по трагедијата во Тетово, објави медиумот на албански јазик „Инфошќип“, повикувајќи се на анонимни извор. Како што пишува порталот, се очекува во наредните часови и самиот Груби да ја потврди одлуката.
Денеска паднаа четири оставки поради пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 луѓе. Оставки поднесоа министерот Венко Филипче, неговиот заменик, Илир Мета, како и двајцата директори на тетовската болница Флорин Бесими и економскиот директор Артан Етеми.
10.09.2021 - 21:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа