Грчките земјоделци продолжуваат со радикалните мерки, а попладнево повторно ќе бидат затворени граничните премини кон Македонија. Според информациите од Атина, блокадите ќе се одвиваат во неколку термини:

  • ГП Евзони (Богородица): Целосен прекин на сообраќајот за сите возила од 18:00 до 22:00 часот по локално време.
  • ГП Ники (Меџитлија): Забрана за влез и излез на товарни возила од 19:00 до 23:00 часот по локално време.

На самиот премин Евзони веќе 18 дена се паркирани над 300 трактори. Земјоделците попладнево во Серес ќе одржуваат клучна средба на која ќе одлучат дали блокадите ќе продолжат и за време на Божиќните празници. Хаос има и на автопатите низ Грција, каде се поставени над 60 блокади, а главниот прекин е кај Лариса на автопатот Солун – Атина.

Exit mobile version