Вчера во 00:05 часот во Клиничката болница во Штип полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Ј.А.(29) од с.Таринци, општина Карбинци.
Претходно, во болницата за лекарска помош бил донесен неговиот татко В.А.(54), но и покрај пружената помош, В.А. починал.
Кога Ј.А. пристигнал во болницата, но и откако од страна на медицинскиот персонал му било кажано дека татко му починал, тој се однесувал агресивно кон нив и искршил стакла и други делови од инвентарот.
За настанот е известен јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција, а по целосно документирање на случајот против Ј.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
- Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак
- Белата куќа потврди: Трамп и Си ќе се сретнат, но терминот „виси“ поради светската криза
- Политички потрес во Бања Лука: Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, поднесе оставка
- Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
- Енергетски крах во Куба: Целиот остров остана без струја, прогласена вонредна состојба
- ИО на СДСМ донесе одлука за исклучување на Петре Шилегов
- Вучиќ одлучен: Србија гради силна војска за никој да не помисли на напад
- Штипјани вечерва им оддадоа почит на загинатите од Кочани


