Вчера во 00:05 часот во Клиничката болница во Штип полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Ј.А.(29) од с.Таринци, општина Карбинци.
Претходно, во болницата за лекарска помош бил донесен неговиот татко В.А.(54), но и покрај пружената помош, В.А. починал.
Кога Ј.А. пристигнал во болницата, но и откако од страна на медицинскиот персонал му било кажано дека татко му починал, тој се однесувал агресивно кон нив и искршил стакла и други делови од инвентарот.
За настанот е известен јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција, а по целосно документирање на случајот против Ј.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Актуелно
- Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5
- Запалено игралиште за баскет во Радишани
- По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата
- Две лица се повредени во сообраќајката Кочани – Штип
- Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на патот Кочани – Штип
- На 35 години почина внуката на Џон Кенеди
- Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас
- Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина

