Инцидент во рудник во Пробиштип - истекување на јаловина: На надлежните им се спрема казна од 100 илјади евра

В.д. директорот на Државниот инспекторат за животна средина Сретен Стојковски на денешната прес-конференција посочи дека месецов е реализиран планот и се остварени 155 надзори,  како и дополнително 26 надзори согласно заклучоците на Владата во однос на надминување на прагот за алармирање и вршење вонредни надзори. Во Скопје се направени 14, Куманово пет, Струмица три, Тетово четири надзори на А-интегрирани дозволи и инсталации за горење на отпад.

Стојковски наведе дека во тек е изработка на вториот шестмесечен извештај за работата на ДИЖС во 2021 година, а до 15 јануари ќе се достави на мислење до Инспекцискиот совет.

Информираше и дека при еден од 155 надзори е утврден еколошки инцидент во рудникот Булмак – Пробиштип каде што имало истекување на јаловина. – Истиот субјект е задолжен да направи санирање на местото каде што го направил еколошкиот инцидент и е покрената постапка согласно Законот за животна средина за прекршоци од трета категорија каде што предвидена е казна од 100 илјади евра. Постапката продолжува да се води во МЖСПП, посочи директорот на ДИЖС.

30.12.2021 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега