Вчера во 18:10 часот, во ОВР Гостивар, 59-годишник од Гостивар пријавил дека околу 13:00 часот, во Медицинскиот центар во Гостивар, се здобил со тешка телесна повреда, соопштија од МВР.
Според пријавеното, додека чекал лифт во подрумските простории, вработен во болницата кој туркал количка со медицинска опрема, и покрај упатените предупредувања, продолжил да се движи и со тркалото од количката му ја заглавил и му нанесол повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.


