Инаугурацијата на Бајден ќе биде шоу на годината: Познато кои ѕвезди ќе настапуваат на прославата

Иако САД има најмногу заразени со коронавирус, а Вашингтон е под опсадна состојба поради неодамнешниот напад на приврзаниците на Трамп, Џо Бајден и Камила Харис ќе имаат незапамаетено шоу по повод инаугурацијата која е планирана на 20. јануари.

Во текот на кампањата, многу личности од светот на шоубизнисот го поддржувале Бајден, па не чуди и дека голем број луѓего прифатиле повикот да присуствуваат на инаугурацијата. Главна ѕвезда ќе биде Лејди Гага која отворено го поддржала новиот претседател, настапувала на неговата кампања и ги поттикнала своите фанови да гласаат, а на инаугурацијата ќе ја отпее химната на Америка.

Освен неа, на настанот ќе учествува и Џенифер Лопез. Се уште не се познати деталите на настапот, но не се сомневаме дека тоа ќе биде шоу за паметење. После самата церемонија, неколку национални телевизии ќе емитуват пропратна програма во која се очекува да настапи Џастин Тимберлејк, Деми Ловато и Џон Бон Џови, а целиот програм ќе го води холивудскиот миленик Том Хенкс.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.01.2021 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега