Обвинителскиот тим кој постапува во предметот со пожарот во дискотеката “Пулс” во Кочани денеска достави негативно мислење и барање да се одбие предлогот за определување на гаранција, поднесен од обвинетиот Дејан Јованов од Кочани како неоснован.
Со предлогот се бараше од судот спрема обвинетиот да биде определена мерка гаранција во вкупен износ од 195.820 евра во денарска противвредност од 12.042.932 денари, а која гаранција се состои во ставање хипотека на недвижен имот.
Меѓутоа, според обвинителството, при одлучувањето, Судот особено треба да го цени фактот дека изјавата со која се дава согласност понудениот имот да биде даден како гаранција обвинетиот Дејан Јованов ја дал иако бил свесен дека дел од понудениот недвижен имот е предмет на извршување, па ниту може да биде ставен под хипотека, уште помалку да биде впаричен. Освен тоа, понудените недвижности во голем дел се состојат од помошни простории, објекти, шупи, плевна, а кои претходно биле бесправни објекти и тој имот, при евентуална потреба, исклучително тешко ќе може да биде впаричен, а секако не во висина на износот на кој е проценет.
- ВМРО-ДПМНЕ: Нови инвестиции во Општина Могила – изградба на градинка, патна инфраструктура и мерки за поддршка на семејствата
- Дневен хороскоп: Неочекувани разговори кај Овенот, нови идеи кај Водолијата
- Путин се закани: Нема испорака на дизел додека не се укинат санкциите против Русија
- Дефект на улицата Димитрие Чуповски: Дел од општина Центар утрово без вода
- Наместо пари, ваучер – МОН подготвува нова методологија за студентскиот оброк
- Имот под извршување, шупи и плевни: Обвинителството бара одбивање на гаранцијата за газда Деко
- Паметни броила за секое домаќинство: РКЕ најавува нов енергетски систем во земјава
- Денеска ќе нема струја до 13 часот – електродистрибуција најави исклучување


