Close Menu
    Најново

    Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5

    30.12.2025 во 23:21

    Запалено игралиште за баскет во Радишани

    30.12.2025 во 23:05

    По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата

    30.12.2025 во 22:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5
    • Запалено игралиште за баскет во Радишани
    • По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата
    • Две лица се повредени во сообраќајката Кочани – Штип
    • Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на патот Кочани – Штип
    • На 35 години почина внуката на Џон Кенеди
    • Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас
    • Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Имероски: Ќе се залагаме за решавање на најсуштинските проблеми, во интерес на сите жители на Општина Дебар

    Имероски: Ќе се залагаме за решавање на најсуштинските проблеми, во интерес на сите жители на Општина Дебар

    15.10.2025 во 20:01
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Советот на Општината претставува орган и тело на општината каде што се носат одлуките за секојдневниот живот на граѓаните а со ваша масовна поддршка, таму ќе го носиме вашиот глас, вашите потреби и вашите надежи. Ќе се бориме за подобар плански развој на градот Дебар и руралните средини, рече меѓу другото Мухарем Имероски, носител на кандидатската листа за советници во Советот на општина Дебар, на јавниот собир на Коалицијата предводена од СДСМ.

    Според него еден од најсуштинските проблеми на граѓаните во руралните населени места, за кој ќе се залагаат да се надмине, е немањето на урбанистички планови односно неможноста да градат легално.

    -Граѓаните имаат суштинска потреба од градби на семејни објекти посебно во руралните средини, токму заради тоа има потреба од итно донесување на урбанистички планови за сите рурално населени места, надвор од градот Дебар, посебно во населените места: Горно и Долно Косоврасти, Могорче, Рајчица, Татар Елевци, Џепиште и Отишани. Нашата цел е ова проблематика да биде прва задача во Советот на општина Дебар, најави меѓу другото Имероски.

    Презентирајќи и други проекти и идеи „во интерес на сите жители на општината за кои максимално ќе се залагаат“, посочи дека на Дебар и селата им треба нов план за развој и можности, обезбедување можности на младите за квалитетно образование и работа, изградба или реконструкција на инфраструктурата, развој на туризмот.

    -Знаеме дека нема да биде лесно. Но знаеме и дека кога сме заедно, сме непобедливи. Затоа ве повикуваме сите, Македонци, Албанци, Торбеши, Турци, Египќани и Роми, да застанеме обединети во оваа борба за подобра иднина. Да ја вратиме надежта, да ја вратиме довербата и да овозможиме Дебар да се развива што подобро, порача Имероски

    Популарно

    Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина

    30.12.2025 во 21:35

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас

    30.12.2025 во 21:53

    Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација

    30.12.2025 во 21:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.