Имаше само 16 години: Се самоуби девојката која ја освои публиката кога беше мало девојче (ФОТО)
Кајлија Пози, 16-годишното девојче кое на само пет години се појави во емисијата „Toddlers & Tiaras“ на каналот Ти-ел-си, се самоубила, а трагичната вест ја потврди нејзината мајка.
-Немам зборови. Прекрасното девојче замина. Ве молам, дадете ни приватност додека го оплакуваме губитокот на Кајлија. Ќе остане моето бебе засекогаш, објавила Марси Пози Гатерман во вторникот, на Фејсбук, споделувајќи фотографија од својата ќерка.
Кајлија неодамна го прослави својот 16-ти роденден и присуствуваше на матурската вечер во текот на викендот.
Кајлија Пози се појави во емисијата „Toddlers & Tiaras“ (Малите деца и дијадемите) која даде поглед од зад сцената на светот на детските натпревари. Во епизодата од 2016 година, мајката на Кајлија рекла дека девојчето почнало да учествува на натпревари кога имала три години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа