"Има ли некој?" Спасувачите ги обиколувале урнатите згради барајќи преживеани по земјотресот- од урнатините се слушале врисоци

По силниот земјотрес кој вчера го погодил Егејското море, во турската провинција Измир загинале најмалку шест лица а повредени се повеќе од 200 луѓе.

Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу рекол дека шест згради се урнале во два округа во приморскиот град Измир и дека има луѓе заробени во урнатините. 

Во тек е потрага по изчезнатите, а соопштението е дека досега биле спасени најмалку 70 луѓе.

На Твитер е објавена снимка од урнатите згради во Измир. Спасувачите ги обиколуваат со повиците: "Има ли некој тука?", а од урнатините се допираат врисоци.

Зеки Сајал, сведок на земјотресот во Измир, вели дека излегувал од зградата и така се спасил во последен момент.

"Истрчав од зградата во последната секунда, се урна. Во зградата имаше и една постара жена која ја спасивме. Во близина се урна уште една зграда, сега ги спасуваат луѓето кои се внатре", рекол тој.

Градоначалникот на Измир, Тунч Сојер, рекол дека во провинцијата се урнале речиси 20 згради.

Министерот Сојлу преку твит навел дека нема извештај за жртви од шесте други провинции каде се почувствувал земјотресот, но додал дека некои згради се оштетени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.10.2020 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега