Close Menu
Press24
    Најново

    Финска девет години последователно најсреќна држава во светот

    19.03.2026 во 23:41

    Мисајловски: Секоја членка на НАТО мора сè повеќе и повеќе да вложува во модернизација одбраната 

    19.03.2026 во 23:08

    Каранфилова Пановска: Власта сака да ја разнебити СДСМ за да направи дефокус од реалните проблеми

    19.03.2026 во 22:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Финска девет години последователно најсреќна држава во светот
    • Мисајловски: Секоја членка на НАТО мора сè повеќе и повеќе да вложува во модернизација одбраната 
    • Каранфилова Пановска: Власта сака да ја разнебити СДСМ за да направи дефокус од реалните проблеми
    • Мисајловски за војната во Иран: Безбедносната ситуација кај нас е стабилна
    • За акцијата стигна потврда и од МВР: Се апси за коруптивни дела
    • Димитриеска-Кочоска: Стандардот на граѓаните е приоритет, Владата будно ги следи цените
    • ОЈО ГОКК се огласи по апсењето на актуелен директор
    • Фокус: Уапсен директор на Државен инспекторат – го фатиле со мито од 50.000 евра
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Илчо од Брза помош, херојот во Кочани – Возеше со часови да спаси животи, па почина во сон

    Илчо од Брза помош, херојот во Кочани – Возеше со часови да спаси животи, па почина во сон

    16.03.2026 во 11:12Updated:16.03.2026 во 11:144 Mins Read
    Фејсбук, Иле Гоцевски
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Илчо Гоцевски од делчевско Звегор, кој живееше во Кочани, беше херојот од Брзата Помош, кој 32 часа без престан пренесувал пациенти од пожарот во Пулс, до скопските Клиники. Илчо 11 пати возел на релација до Скопје, а за жал, по помошта која им ја пружи на повредените, легна, заспа и не се разбуди.

    Сопругата на починатиот возач на Брза помош, за српскиот Ало пред една година, раскажа дека тој заспал и не се разбудил. Срцето му откажало по траорот кој го гледал цел ден.

    – Јас само знам дека си дојде дома. Иле беше цел 16-ти беше на повик, така им се смените… Ги носат пациентите, во Скопје или во другите центри каде што има потреба, им пружаат помош и од 19 часот вечерта беше дежурен, до 7 часот изутрина другиот ден. Пред 19 часот беше на повик и пракtично цел ден беше на работа. Се до моментот кога се случи трагедијата. Информациите ги знам од него – не сум била таму. Ми раскажа се кога си дојде дома – кога добиле повик во Брза Помош дека треба да одат во дискотеката „Пулс“, прво помислиле дека на некого му се слошило и затоа треба да инервенираат. Сакам да кажам дека тие одат неподгтовени таму, бидејќи воопшто не знаат дека во тој момент таму се случува нешто од огромни размери.

    И, кога одат таму имале што да видат. Очекувале да помогнат на еден-двајца, а наидуваат на стампедо… буквално на врескање, викање. И, не се збуниле. Тој работеше 18 години во болница и заедно со екипата постапиле максимално професионално. Реагирале максимално брзо – ги носеле и жртвите и повредените. Сите. Луѓето сами почнале да влегуваат во возилото, Во еден момент одеднаш влегле 20-тина и бараат помош, раскажа Анета.

    -Мајка ми и татко ми ги погребав пред пет години, а сега мојот Илчо е третиот човек што почина и кого требаше да го испратам на вечното патување. Имав искрен брак со мојот сопруг, се сакавме. Живеевме како во рајот. Не се сеќавам на ниту еден лош момент со него, рече тогаш Анета.

    На 16 март 2025 година, во трагичниот пожар што избувна во дискотеката „Пулс“, животот го загубија 63 лица, меѓу кои имаше и деца, додека повеќе од 200 луѓе беа повредени. Непосредно по несреќата беше одржана итна седница на Советот на Општина Кочани, по што беше прогласена седумдневна жалост – најпрво на локално, а потоа и на државно ниво. Иако првичните информации говореа за 59 загинати и над 150 повредени, по завршувањето на лекувањето на повредените и во рамки на обвинителните постапки, конечниот биланс изнесуваше 63 жртви и повеќе од 200 повредени.

    Истрагата покажа дека ноќниот клуб со години функционирал незаконски, без исполнување на основните технички и безбедносни услови, без соодветни дозволи и без почитување на противпожарните стандарди. Во објектот биле вршени реконструкции без стручен надзор, биле употребувани лесно запаливи материјали, а просторот не ги задоволувал ниту основните безбедносни критериуми.

    Кобната вечер биле активирани три пиротехнички средства во исто време, насочени кон плафонот обложен со полиуретански сунѓер. Пожарот се проширил за само неколку секунди, а густ чад и паника ги затекнале посетителите во клубот кој имал само еден, недоволно соодветен излез. Поголемиот дел од жртвите загинале обидувајќи се да стигнат до вратата, која не претставувала стандардно евакуациско решение. 

    Жртвите се Диме Димитријев, Сара Алексова, Моника Спасова, Тоше Тодоровски, Александар Коларов, Адријан Живков, Александар Алексов, Горги Величков, Јорданчо Џамов, Иван Трајчев, Џоко Горгиев, Александар Глигоровски, Иван Величков, Андреј Стојанов, Ивона Антова, Павел Христовски, Никола Насевски, Тоше Богданов, Ана Коцева, Гордан Петрушов, Игорче Горгиев, Филип Стевановски, Томче Стојанов, Моника Стоименова, Стојанчо Стојанов, Сара Пројковска Николовска, Марија Шопова, Александар Горгиев, Петар Ивановски, Бојана Закова, Матеј Марковски, Горѓи Василков, Александар Петров, Андреја Горѓиевски, Марија Стрезоска, Александар Ефремов, Лепа Тасева Стојковска, Игор Велков, Божидар Минов, Мартин Атанасовски, Стефанија Соколова, Томас Златков, Кети Милковска, Виктор Јорданов, Андреј Панов, Спиро Стоименов, Јове Владимитов, Стефан Тасевски, Ице Андонов, Александар Стојанов, Сања Христова, Дамјан Танески, Андреј Лазаров, Драгана Минова, Филип Ивановски, Сара Јорданова, Леонид Велков, Надица Наунова, Димитар Иванов и Владимир Блажев.

    Top News
    Популарно

    Финска девет години последователно најсреќна држава во светот

    19.03.2026 во 23:41

    Мисајловски: Секоја членка на НАТО мора сè повеќе и повеќе да вложува во модернизација одбраната 

    19.03.2026 во 23:08

    Каранфилова Пановска: Власта сака да ја разнебити СДСМ за да направи дефокус од реалните проблеми

    19.03.2026 во 22:46

    Мисајловски за војната во Иран: Безбедносната ситуација кај нас е стабилна

    19.03.2026 во 22:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.