Бројот на заболени од грип и заболувања слични на грип бележи благ пад од 3,2 отсто во изминатата недела, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во периодот од 16 до 22 февруари се пријавени вкупно 1.113 случаи.

Според податоците, најголем дел од заболените се на возраст од 15 до 64 години, но највисока инциденца е регистрирана кај најмладите, односно кај децата до четиригодишна возраст. Најмногу пријавени случаи има во главниот град.

„Заболените лица се пријавени од 21 ЦЈЗ/ПЕ: Скопје – 669, Струмица – 81, Прилеп – 61, Тетово – 50, Гевгелија и Охрид – 37“, се наведува во извештајот на ИЈЗ.

Од почетокот на сезоната 2025/2026, вкупната бројка на заболени изнесува 14.984 лица. Досега против грип се вакцинирале вкупно 79.118 граѓани.

Exit mobile version