Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе ја почне амандманската расправа за Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, за кој се поднесени вкупно 31 амандман.

Во меѓувреме, Комисијата за финансирање и буџет ќе ја продолжи амандманската расправа по Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри.

Седница денеска ќе одржи и Законодавно-правната комисија, која ќе разгледува прашања од својата надлежност.

Exit mobile version