Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја ќе се залага американскиот претседател Доналд Трамп да ја изземе Унгарија од санкциите за руската нафта.
„Играме за да победиме,“ одговори Орбан на новинарско прашање за време на летот кон Вашингтон, кога беше запрашан што ќе се случи доколку Трамп не даде зелено светло за изземањето од санкциите.
Премиерот го оцени прашањето за енергенсите како „сериозно“ и предупреди дека влоговите се високи, пренесе унгарската новинска агенција МТИ.

