Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Холандскиот јавен сервис потврди: Холандија повторно на евровизиската сцена во мај 2027 година
    • Бизнисменот Чифлигароски се предал на полицијата
    • Бесплатна обука за финансиска писменост на жени во Центар: Кој може да се пријави?
    • Девет лица починаа од западнонилска треска – Каква е состојбата во Македонија
    • Милатовиќ во ОН: Црна Гора има историска одговорност да го заврши европскиот пат до 2028 година
    • ВИДЕО: Стаорци снимени покрај детско игралиште во Кисела Вода
    • Стефковски: Ноќе работиме за преку ден да има помалку гужва
    • Вучиќ во ОН: Србија ги поддржува постапките на Трамп
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Идните студенти на готовс: Се ближи првиот уписен рок на УКИМ

    Идните студенти на готовс: Се ближи првиот уписен рок на УКИМ

    13.08.2026 во 10:092 Mins Read
    Принтскрин, видео, Youtube
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во вторник и среда, 18 и 19 август 2026 година, започнува првиот уписен рок за студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. За академската 2026/2027 година, која започнува на 1 октомври, на 23 факултети се предвидени вкупно 8.851 слободно место.

    Од нив, 4.395 места се наменети за редовни студенти во државна квота, 3.621 за редовни студенти кои кофинансираат, а 835 места се за вонредни студенти.

    Најмногу места има на Медицинскиот факултет – 950, Филолошкиот – 805, ФИНКИ – 800, Филозофскиот – 635, Природно-математичкиот – 626, Економскиот – 655, ФЕИТ и Машинскиот факултет по 600, додека на Правниот факултет се предвидени 555 места.

    За студентите во државната квота надоместокот за студирање изнесува 200 евра во денарска противвредност, додека студентите кои кофинансираат и вонредните студенти плаќаат школарина од 400 евра.

    Првиот уписен рок е на 18 и 19 август, конечната ранг-листа ќе биде објавена на 27 август, а запишувањето на примените кандидати ќе се спроведе на 3 и 4 септември.

    Вториот рок е предвиден за 10 и 11 септември, а третиот на 23 септември, на факултетите каде што ќе останат слободни места.

    Пред пријавувањето, кандидатите треба да се регистрираат преку платформата за уписи на УКИМ и да ја пополнат електронската пријава во системот iKnow. Пријавувањето потоа се врши во службата за студентски прашања на факултетот за кој кандидатот се определил.

    Условите за упис, потребната документација, критериумите за селекција и начинот на пресметување на бодовите се детално наведени во конкурсот на УКИМ. Во него се објавени и листите на екстерни и интерни предмети од државната матура кои се соодветни за запишување на различните студиски програми.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Бизнисменот Чифлигароски се предал на полицијата

    24.09.2026 во 11:06

    Бесплатна обука за финансиска писменост на жени во Центар: Кој може да се пријави?

    24.09.2026 во 10:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.