Идентификувани 37 различни мутации на коронавирусот во Кипар
Во истражување на 768 примероци на потврдени случаи на коронавирусот во периодот од април 2020 година – јануари 2021 година, на Кипар биле идентификувани 37 различни мутации на Ковид-19, меѓу кои и оној од Велика Британија, објави онлајн изданието на кипарскиот весник „Филелефтерос“, јави дописничката на МИА од Атина.
Во истражување, кое било по академска инцијатива, со цел да се анализира пандемијата на Кипар, учествувале лабораторијата за биотехнологија и молекуларна вирусологија на Универзитетот во Кипар, кипарската компанија за биотехнологија„ NIPD Genetics“ и Ковид болница од островот, во соработка со белгискиот католичкиот универзитет од Лувен и други научници.
Извори за весникот од Универзитетот на Кипар рекле дека станува збор за научно истражување кое ќе открие различни и досега непознати податоци за коронавирусот и неговото ширење на островот.
Резултатите од истражувањето, официјално ќе бидат презентирани в петок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа