Ибраими: Ја пеев албанската химна во Собранието бидејќи бев провоциран од Мукоски

Пратеникот Зеќирија Ибраими кој на продолжението од конститутивната седница на 27 април во 2017 година, ја испеа албанската химна, вели дека тоа било процедурално.

Во исказ пред судот како сведок за настаните од 27 април, тој истакна дека ја пеел химната на Албанија, бидејќи претходно пратеникот Крсто Мукоски ја пеел македонската химна, па Ибраими бил испровоциран.

– На седницата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ им забележуваа на пратениците на СДСМ дека соработуваат со партија која не се чуствува добро со државната химна. Кога Крсто Мукоски ја испеа македонската химна јас излегов и ја испеав албанската. Но, тоа беше моја лична одлука – рече сведокот Ибраими.

Тој објасни дека претседателот на Беса, Билал Касами во интервју на една телевизија, неколку дена пред настаните во Собранието изјавил дека Албанците не се чувстуваат добро кога ја слушаат државната химна, а Зекирија кој му ги пишувал говорите вели дека, всушност Касами требало да каже, дека Албанците не се претставени во химната.

Тој во своето сведочење рече дека како заменик-координатор имал право на процедурално обраќање, тоа го направил неколку пати од собраниската гоорница.

Поранешниот пратеник Ибраими беше повикан како сведок на барање на обвинетиот Трајко Вељаноски, поранешниот собраниски претседател.

Во судскиот процес обвинети дека ги организирале настаните од 27 април во македонското Собрание  се и Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.11.2020 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега