Попладнево во населбата Трајаново Трло во Кочани се одржа протест против новиот закон кој предвидува одземање на возила управувани од лица без возачка дозвола. Учесниците во протестот запалија гуми на улицата „Цветан Димов“, поради што беше прекинат сообраќајот.
По интервенцијата на противпожарната служба и полицијата, огнот беше изгаснат, а протестот заврши. Од надлежните институции најавија дека ќе постапат согласно закон, бидејќи палењето гуми и блокирањето на улици претставува нарушување на јавниот ред и мир.

