Вечерва транзитниот пат во Струмица, кај Ромското маало е под блокада од група граѓани. Тие се снимаат на социјалните мрежи говорејќи револтирано за казните кои Министерството за внатрешни работи започна да ги издава во рамки на системот „Безбеден град“. Вакви собири се појавија и во други градови, пишува 4news.mk.

Струмичани исто така вечерва можеа да забележат чад и оган во овој дел на градот.

Според информациите групата граѓани запалиле гуми на патот, што дополнително придонесува за загадувањето на воздухот – проблем со кој Струмица се соочува подолг период.

Екипи на СВР Струмица и ТППЕ Струмица се на терен.

Exit mobile version