И струјата ќе не „дрмне“ по џеб - од идниот месец големо поскапување

 

По најавите за значително поскапување на горивата се поизвесно станува дека ќе има и големо поскапување на струјата. Премиерот Заев денеска вели дека не може да гарантира дека струјата нема да поскапи.
Тој вели дека планот на Владата е да го намали ДДВ-то од 18% на 5% но не може да гарантира дека ќе успее во тоа бидејќи како што рече „може Мицко да блокира“

„Не можам да гарантирам оти може Мицкоски да блокира одредени закони. Сите работи не зависат само од мене. СЕга цената на струја на берза е зголемена до 75 долари а ние, во моментов на излезот од коронакризата сакаме да ваков начин да осигуриме дека нема да има покачување за граѓаните да не почувствуваат. Гледаме дека тоа го предлага и опозицијата, добро е што се согласуваме“ – изјави Заев.

Најавите за намалување на ДДВ-то за струјата се само уште една потврда дека од август ќе плаќаме значително повисоки сметки бидејќи овој енергенс во намјмала рака ќе поскапи за 15%.
Имајќи предвид дека и буџетот но и целата економија се наоѓа пред колапс поради енормно високиот јавен долг, прашање е дали е можно да се направи намалување на оваа давачка.

Опозицискиот лидер Мицкоски на брифинг со новинарите минатата недела рече дека е невозможно струјата да не поскапи. Неговите проценки се дека поскапувањето ќе биде меѓу 15 и 18%. Доколку се случи тоа извесно е дека и со намалено ДДВ, граѓаните ќе плаќаат повисоки сметки од оние кои ги плаќаат сега.
По претпоставка дека струјата ќе поскапи за 18% а ДДВ-то ќе се намали за 13 процентни поени, тогаш ќе имаме околу 5% повисоки цени.
На сметка од 3000 денари за струја тоа ќе биде поскапување за околу 150 денари. Поголем удар ќе почувствуваат граѓаните кои се греат на струја и плаќаат повисоки сметки за струја.

ПОВРЗАНО
Силен удар по џебот на граѓаните: Од 1 јули секое семејство ќе плаќа по околу 500 денари месечно за еколошка таска

15.06.2021 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега