И по земјотресот во Турција, мачките не ги напуштаат урнатините од местата во кои некогаш живееле

 

Од разорните земјотреси што го погодија јужниот дел на Турција на 6 февруари страдаат и луѓето и животните, а домашните миленици не се одвоени од урнатините на зградите во населбите во кои некогаш живееле.

Како што е наведено од тимот на „Анадолија“, мачките сè уште живеат на урнатините на зградите во Хатај, на местата каде што живееле пред земјотресот.

На животните извлечени од урнатините им помогнале ветеринари, а во населбите уништени од земјотресите престојуваат голем број домашни миленици.

Бројот на загинати во силните земјотреси, што на 6 февруари ја погодија јужна Турција, достигна 48.448, соопшти во понеделникот министерот за внатрешни работи на земјата, Сулејман Сојлу.

„Меѓу загинатите има 6.660 странски државјани“, рече Сојлу.

Тој додаде дека продолжуваат работите на отстранување на урнатините.

Земјотреси со магнитуда 7,7 и 7,6 погодија 11 турски провинции на 6 февруари – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газијантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.

Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Турција беа погодени од разорните земјотреси, како и илјадници во северна Сирија.

14.03.2023 - 23:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега